Сега е вистинско време за топол шал – ова се нашите 20 омилени комбинации

Fashionel.mk

15/01/2021

17:26

2.010

Големина на фонт

а а а

Вистински зимата ни доаѓа со првиот снег. Од вчера конечно и ние му се израдувавме, па тоа нè поттикна да ви предложиме неколку кул варијанти како во вашиот зимски имиџ да го комбинирате неизбежното модно парче во оваа сезона – дебелиот, топол шал.

Заедно со секоја зима, доаѓаат различни модели и нови, инвентивни дизајни на омилениот зимски моден додаток, но никогаш не е занемарена и класиката. 

Модели изработени од дебело плетиво, кашмир или мек памук, еднобојни, со принтови или деликатни везови, се меѓу најатрактивните во актуелната улична мода. Особено предимензионираните шалови нудат безброј опции како да ги комбинирате, па затоа сезони наназад се вбројуваат меѓу најпопуларните. 

Издвоивме 20 стилски идеи како топлиот шал да го носите на забавен, моден начин. 







Спонзорирани линкови

Маркетинг