Идилични пејзажи, различна и единствена архитектура: Ронда – градот сместен во карпите под облаците

Точка

15/01/2021

17:23

3.996

Големина на фонт

а а а

Сместен е во покраината на Малага и се смета дека спаѓа во категоријата на еден од најстарите градови на светот.

Ронда први го населиле Келтите кои што во шестиот век пред наша ера го нарекувале Арунда. Подоцна новите доселеници се населиле во негова близина и основале населба Ацинипо, локално позната како Понда ла Виеја, Арунда или Стара Ронда.

Тоа што Ронда го издвојува од останатите градови се пејзажите и необичната, поразлична архитектура. Гратчето се простира на две карпи, помеѓу кои тече брзата планинска река Гуадалевин.


Се наоѓа на надморска височина од околу 750 метри. Најпознатиот дел од градот е длабокиот кањон Ел Тајо кој што го сече реката Гуаделевин.

Овој град го одзема здивот, преполн е со интересни настани и богат со локална традиција.

Тоа што на секој му е интересно е тоа што градот отсекогаш бил привлечен за многу уметници, па така познатиот американски писател Ернест Хемингвеј често го посетувал местото и уживал и творел во него.

Поделените делови од градот ги поврзуваат три мостви – Пуенте Романо, Пуенте Виејо и Пуенте Нуево од кои што последниот е изграден на дури 120 метри над кањонот. Најголемата атракција во градот е Пуенте Нуево или „нов мост“ кој што дава извонреден поглед на панорамата на градот.


Историјата на овој мост се поврзува со затворот кој што се наоѓал во самиот мост.

Посебно место во овој град зазема и арената за бикови – Плаза де Торос. Таа е една од најстарите и најценети места за одржување борби, а низ историјата таму се одржани некои од најважните борби.

Центарот на Ронда е преполн со споменици, градби и трговски центри. Исто така овој град е преполн со локални ресторани кои што нудат традиционални специјалитети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг