На листата нема земји од Балканот: Ова се 10-те најсреќни држави на светот

Точка

15/01/2021

16:29

4.452

Големина на фонт

а а а

Тешко е да се измери среќата и таа се разликува од личност до личност, од култура, начинот на живот, желбата, очекувањата и она што ќе го добиеме за возврат.

Секоја година, ООН преку истражувања се обидува да открие кои делови од светот, поточно кои земји заслужуваат да бидат на топ листата на 10 најсреќни земји во светот.

Различни параметри се земени предвид, а минатата година скандинавските земји беа на самиот врв на листата.

Можеби ќе немате прилика веднаш да се преселите во тие земји, ниту би требало тоа да го направите, но можеби ова истражување ќе ви измами насмевка на лицето и ако ништо друго барем на овој начин можеме да отпатуваме некаде далеку со оглед на тоа дека сега физички сме спречени.

Кога се прави листата со 10-те најсреќни земји на светот, се земаат предвид различните параметри, а истражувањето е спроведено на околу илјада жители на секоја земја-членка на ООН. Квалитетот на животот, висината на платата, довербата кон владата, степенот на корупција, социјалната компонента и многу други детали се клучни во создавање на ваква слика за земјите за најдобар живот.

10. Луксембург


Со број на жители помал од 600.000, оваа мала земја има големи плати, силна социјална заштита и систем во кој веруваат граѓаните. Поради доброто здравствено осигување и одличниот баланс помеѓу деловниот и приватниот живот на жителите, оваа земја се најде на листата.

9. Австрија


Оваа земја има висок БДП по глава на жител, а среќата се мери во задоволството на повеќето граѓани. Интересна е информацијата дека испитаниците како една од клучните причини ја навеле и големата мобилност, односно возењето велосипед, која на многумина им е омилен начин за да ја истражат оваа земја, а тоа е добро обезбедено со инфраструктура.

8. Нов Зеланд


Нов Зеланд редовно е на листата на најсреќни земји, најмногу поради својата природна убавина и животот обединет со природата. Жителите се многу задоволни со своите работни места и платите, што дефинитивно игра голема улога.

7. Шведска


Оваа година Шведска се најде на седмото место со исто така голема економска стабилност и високо БДП по глава на жител. Многу се задоволни со образовниот систем кој почнува од предучилишен период. Породилното отсуство е платено за 16 месеци и може да го поделат двајцата родители. Токму поради оваа социјална заштита, оваа земја се смета за добра земја за жените. Исто така, луѓето се задоволни со балансирање помеѓу приватниот и деловниот живот, што за среќата е многу важно.

6. Холандија


Холандија е земја која, особено во овие краишта, е синоним за среќа. Нивните деца се сметаат за најсреќни на светот, а тоа очигледно се пренесува и на повозрасното доба. Добар живот, сигурност и здравје се на прво место во оваа земја.

5. Норвешка


Добра економија која се базира на одржливи извори на енергија, социјална заштита, доверба во владата и добар економски стандард - па, не е ни чудо што оваа земја секогаш е на врвот на ваквите листа.

4. Исланд


Иако е далеку и е изолиран од остатокот од светот, Исланд на своите жители очигледно им пружа повеќе од доволно. После финансиската криза во 2007-ма година, која особено тешко влијаеше на оваа земја, тие ја 'свртеја плочата' во нивната економија, земјоделство и влада. Луѓето тука се среќни и поради природните убавини кои редовно им нудат бегство на 'друга планета'.

3. Швајцарија


Швајцарија е земја во која се гласа за сè, од колку работници ќе имаат годишен одмор до колку имигранти ќе можат да влезат во земјата. Тоа е земја со прекрасни природни убавини и насмеани луѓе кои добро живеат. Инфраструктурата е одлична, земјата е добро поврзана и се цени работата и трудот.

2. Данска


Животните очекувања, животниот стандард, образованието, културата и добрите плати, Данска отсекогаш имала репутација на добра земја за живеење. Копенхаген е еден од оние градови за кои исто така велат дека е еден од најсреќните на светот. Луѓето се насмеани и прилагодливи, прогресивни и пријателски расположени, а некогаш имаме чувство дека премногу се 'потресуваат' околу тоа колку се среќни. И тука сите возат велосипеди - постојано и секаде.

1. Финска


Трета година по ред Финска е број еден. Тие го имаат еден од најдобрите образовни системи во светот. Врвни професори и педагози се составен дел од нивниот систем, а тоа овозможува развивање на паметно општество од мали нозе. Тоа е земја со еднакви можности за сите, а тоа често е најважно за развој на успешно и среќно друштво.




Спонзорирани линкови

Маркетинг