Егзодус без преседан: Стотина илјади странски работници ја напуштија Велика Британија поради пандемијата

Точка

15/01/2021

20:06

4.262

Големина на фонт

а а а

Стотина илјади луѓе ја напуштиле Велика Британија поради влијанието на пандемијата на економијата, покажува студијата објавена денеска.

Моментално на Островот се случува „егзодус без преседан“ на работниците надвор од Велика Британија, соопштија истражувачите од Лондонскиот економско-статистички центар.

„Се чини дека најголемиот товар од губењето на работните места за време на пандемијата падна на работниците кои не се од Велика Британија“, соопштија авторите чија студија се темели на податоци од пазарот на работа.

Трендот е посебно видлив во Лондон каде што секој петти работник е роден во странство. Градската популација паднала за 700 илјади луѓе, покажува студијата и се додава дека ширум земјата бројката би можела да биде поголема од 1,3 милиони луѓе.


Ако овие бројки се точни, тогаш според студијата, ова е најголемиот пад на британското население од Втората светска војна. Во меѓувреме, нема докази дека сличен број на Британци кои живеат во странство, се враќаат во Велика Британија.

Сепак, тоа би можело да биде привремен тренд, велат авторите, напоменувајќи дека голем дел од работниците ќе се вратат после пандемијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг