Зошто „Сексот и градот“ се враќа на малите екрани без Саманта?

Точка

15/01/2021

16:52

2.345

Големина на фонт

а а а

„And just like that“ - „Сексот и градот“ се враќа со нова сезона, но без Саманта. Дали ова продолжение воопшто ќе има смисла?

Повеќе од деценија го исчекувавме продолжението на култната серија „Сексот и градот“, но дали подеднакво ќе го исчекувавме доколку знаевме дека ќе продолжи без омилената Ким Катрал во улогата на Саманта? Веројатно не. 

Зошто тогаш продуцентите одлучиле во новата сезона која има 10 епизоди, наречена „And just like that“ да ги вратат само Кери, Миранда и Шарлот на малите екрани? Шпекулациите се подеднакво драматични како и приказните на ликовите од серијата.


Првата претпоставка е дека еден од продуцентите и самата Сара Џесика Паркер веќе со години и јавно се во лош однос со Ким Катрал. За потсетување, Ким уште во текот на гласините за третиот дел на филмот „Сексот и градот“ изјави за „Дејли Мејл“:

„Никогаш повеќе. Сите учиме лекции во животот, а мојата лекција е во иднина да работам само со добри луѓе, да дадам се од себе и да ја направам работата забавна“.


Втората претпоставка се однесува на несогласувањето на начинот на живот на Саманта со животното доба во кое се наоѓа Катрал. Имено, актерката веќе неколку години наназад во своите интервјуа алудира дека е непримерно во 7-та деценија од животот да учествува во експлицитни сцени кои се очекуваат од неа.

„Тука станува збор за многу јасна и моќна одлука да завршам едно животно поглавје и да започнам друго. Сега имам 61 година и е вистинско време за тоа“, зборувала Ким во интервјуто со Пирс Морган.


Без разлика која е вистинската причина, продолжението без истиот препознатлив состав на главни улоги останува незамислив. Само заедно, тие 4 создадоа ненадминлива приказна за женското пријателство, љубовта и животот која е подеднакво гледана, актуелна и обожувана дури и по повеќе од две децении.



Спонзорирани линкови

Маркетинг