Ужас во Мелбурн: Мајка и трите деца пронајдени мртви! Телата ги пронашол таткото на децата

Точка

15/01/2021

15:36

3.253

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Мелбурн во семејната куќа пронашла тела на четири лица. Жртви се мајка и три деца, а полицијата се сомнева дека жената, со потекло од Хрватска, ги убила своите деца и извршила самоубиство.

Телата прв ги пронашол сопругот Томислав кој ги известил итните служби. 

Кејти Периновиќ (42) ги убила Клара, Ана и Метју и после тоа извршила самоубиство во семејната куќа во полицијата, се сомнева полицијата.

Телата ги пронашол сопругот на Кејти и татко на децата, Томислав (48), кој веднаш ги известил итните служби. Полицијата го привела на испрашување, но го ослободиле и ја исклучиле можноста дека учествувал во убиствата.

Пријателите на починатата жена велат дека минатите седмица била повлечена и чудна.

"Беше на роденден кај мојата ќерка во ноември. Никогаш не сум ја видела толку повлечена и тивка. Децата беа прекрасни, полни со живот", рекла пријателка на Кејти Периновиќ, пренесува "Daily Mail".

Соседите се шокирани од злосторството, велат дека семејството било прекрасно, а Кејти секогаш насмеана и подготвена за разговор.

Периновиќ инаку со години работела како фиозиотерапевт и пред неколку месеци одненадеж дала отказ. Пријателите и познаниците се сомневаат дека патела од депресија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг