Конечно можеме да ги видиме првите назнаки за новата "Нива", за која слушаме повеќе од една деценија.
Во рамките на денешниот прес "Рено" ги открил плановите за "Лада", која паралелно со "Дачија" ќе биде во борба за "low budget" пазарот. Потврдена е низа на новитети, а меѓу нив е "Нива" која првото издание ќе го добие во 2024-та година.
Судејќи по најавниот рендер, во "Рено" баш и не се осудуваат да направат големи промени. Тука пред се мислиме напредниот крај дефиниран уште во 1970-тите години, кој станал синоним за шумско возило. Доаѓа и поголем "SUV" модел, веројатно технолошки близнак на "Дачија Бигстер", но прилагоден на домашниот пазар.
Да се вратиме на "Нива" и да споменеме дека најголема новост сепак ќе биде додатокот на уште еден пар странични врати. Рачките поради естетика ќе бидат скриени, додека страничниот крај веројатно ќе има сличности со актуелниот модел. Кога станува збор за моторите, кабината и понудата на погонот, тие се уште се деловна тајна.
Во секој случај, пред конструкторите е тешка задача да осмислат модерно возило кое достојно ќе го замиени култниот теренец кој веќе со децении владее со шумските патишта на европскиот континент.