Дебитантот на Шведска на СП ликува: „Изненадени“ сме од убедливата победа

Дерби

15/01/2021

10:51

1.228

Големина на фонт

а а а

Шведската ракометна репрезентација претрпе големи промени во ростерот во пресрет на Светското првенство во Египет, но очигледно идеологијата и играта останува иста, бидејќи скандинавците ги видовме во идентичен ритам како и обично на натпреварот против Македонија.

Исклучително брзата транзицијата и трчањето по сите страни на теренот беа сегменти од играта со кои едноставно не можеа да се справат избраниците на Данило Брестовац, па иако можеше да се очекува пораз од Шведска и со ваков распоред на силите, сепак малку кој очекуваше толку убедлива победа.

Швеѓаните победија со 32:20 на првиот натпревар во групата, а додека херојот Ване нагласи дека нивната тактика за неутрализирање на Лазаров била брилијантна, дебитантот на Светскот првенство малку се занесе и ликуваше по победата пред домашните медиуми.

– Малку сме „изненадени“ од тоа што победивме со толку многу голови разлика. Верувајте, знаеме што можеме да направиме на теренот, ако останеме на ова ниво, може да има многу вакви изданија, – изјави Јонатан Карлсбогард кој на мундијалите дебитираше со два гола во мрежата на нашата селекција.

– Постоеше нервоза на почетокот, но тоа е така секогаш. И покрај нервозата, се чувствував добро на теренот. Тремата е нешто од кое никој не може комплетно да се ослободи, – додаде дебитантот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг