Гулаб минал 13.000, а сега веројатно ќе го успијат бидејќи "претставува карантински ризик"

Точка

15/01/2021

10:44

3.068

Големина на фонт

а а а

Експертите сметаат дека птицата, која Сели Брд ја нарекол Џо, се сокрила на товарен брод и на него го минала Тихиот океан.

Тркачкиот гулаб кој минал 13.000 километри преку Тихиот океан од САД до Австралија, сега ја исчекува одлуката дали ќе биде успиен. 

Кевин Сели Брд ја пронашол птицата во својот двор во Мелбурн, а подоцна било откриено дека исчезнала од трки организирани на 29-ти октомври во американската држава Орегон, пренесува "Guardian".

Експертите сметаат дека птицата, која Сели Брд ја нарекол Џо, се сокрила во товарен брод и на него минала преку Тихиот океан.

Сели Брд вели дека австралиската Служба за карантин и инспекција му се јавила и побарала од него да ја фати птицата, откако нејзиното доаѓање било пренесено во медиумите.

"Велат дека е од Америка и дека ги загрижува нејзината болест. Сакаа да им помогнам. Искрено, не можам да ја фатам. Секогаш кога ќе и пријдам таа се преместува", вели Сели Брд.

Надлежните рекле дека ќе ангажираат професионален фаќач на птици.

Во меѓувреме, здружението на гулабари од Оклахома потврдило дека Џо е регистриран кај сопственик на птици од Монтгомери во Алабама.

Австралиските власти имаат многу строги правила за внесувањето на неавтохтони видови на животни и билки во земјата.

На пример, во 2015-та година се заканиле дека ќе успијат два јоркшир териери, откако во земјата ги прошверцувале Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Им биле дадени 50 часа да ги изнесат кучињата од земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг