Ги штити дишните патишта, ја регулира дигестијата и ги намалува воспаленијата: Еве зошто треба да консумирате зелка

Точка

15/01/2021

11:18

3.052

Големина на фонт

а а а

Доколку консумирате зелка неколку пати неделно, за брзо време ќе воочите подобрување во целокупното здравје.

Еве неколку причини зошто треба да јадете зелка: 

Го зајакнува имунитетот

Зелката содржи витамин Ц како и значајни количини на бета-каротен, калиум, железо и магнезиум. Најмногу лековити својства има кога ја јадете сирова или закиселена, а ги губи квалитетите со продолжена термичка обработка.


Ја поттикнува дигестијата и слабеењето

Дури 92,5 отсто од зелката е вода, па затоа не е чудно што се смета за диететска намирница со само 20-тина калории на 100 грама. Освен тоа, го забавува претворањето на шеќерите и другите јаглехидрати во масти, а со оглед на вискиот процент на целулоза, ја поттикнува работата на дигестијата и ја намалува надуеноста на организмот.

Ги штити дишните патишта

Сокот од зелка е делотворен лек за болестите на дишните патишта, а со негово испирање ја намалувате болката во грлото. Тој помага во чистење на дишните патишта кај бронхитис или астма.


Го чува здравјето на желудникот

Зелката содржи сулфорафан - станува збор за органско соединение кое го штити гастроинтестионалниот тракт од враќање на желудочната киселина кон хранопроводот (рефлукс на желудочна киселина). Покрај тоа ја елиминира и бактеријата „Helicobacter pylori“ која е главен причинител на чир на желудник. Консумирајте 100 мл. сок од зелка, 3 пати на ден, пред секој главен оброк.

Ги намалува воспаленијата во телото

Овој зеленчук има силни антивоспалителни дејства, а облозите од зелка се честа препорака за разни видови болести. Зелката го извлекува гнојот од раните и ги дезинфицира, ги смирува изгорениците, егземата и акните, ги ублажува отоците и помага при мигрена. Покрај сето наведено, зелката ја ублажува и депресијата и вознемиреноста, ја подобрува концентрацијата, а некои студии тврдат и дека делува превентивно против рак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг