Бети Вајт има 99 години и секое утро трча 1,5 километри! Славната актерка ја откри тајната за долговечност и виталност

Точка

15/01/2021

09:40

4.007

Големина на фонт

а а а

Американската актерка, Бети Вајт (98), непосредно пред својот 99-ти роденден за странските медиуми признала дека секое утро трча 1,5 километри.

Познатата Бети е личност која е најдолго во филмската индустрија воопшто, па нејзината кариера трае речиси 80 години. Таа на 17-ти јануари ќе го прослави 99-от роденден, а и понатаму е многу физички активна и се грижи за своето здравје и циркулација.


Кога новинарите ја прашале што ќе прави за нејзиниот роденден, одговорила:

„Што да правам за роденден? Трчањето километар и половина секое утро го намали ковид, така што повторно работам на 'The Pet Set'“, започнала таа.

„Хранам и две птици кои секое утро ме посетуваат во дворот“, додала актерката која обожува животни.

„Знам дека звучи како клише, но се обидувам да ја видам позитивната страна во сè“, рекла храбрата Бети и додала дека сè уште чека шанса да ја запознае својата симпатија од младоста - Роберт Редфорд, која во долгогодишната кариера никогаш не го сретнала.


Нејзината животна енергија и духовитост го привлекуваат вниманието на публиката, дури и на оние кои се родени во време кога, според некои правила, Бети би требало да ужива во заслужена пензија.

Па така нејзината изјава во ТВ емисијата „Lopez Tonight“, емитувана на 21-ви јануари, 2010-та година, предизвикала смеа - на прашањето на водителот како во тие години успева толку многу да работи, Бети Вајт одговорила:

„Јас сум како проститутка, кога ќе ми се понуди добра работа, едноставно не можам да кажам не“.

Во 2016-та година, гостувајќи во емисијата „Today“ признала дека мажите и понатаму ѝ се омилено хоби, но дека тешко наоѓа 'друштво' за излегувања, и така повторно ја заинтригира и насмеа јавноста.




Спонзорирани линкови

Маркетинг