Ирецот ужива на луксузен имот за кој плаќа 5.000 евра од ноќ, а сега се пофали со скапоцениот часовник вреден „вртоглава“ сума пари

Точка

14/01/2021

20:54

7.174

Големина на фонт

а а а

Ирецот моментално се наоѓа во Дубаи и се подготвува за натпреварот против Дастин Порие, а во слободно време троши огромна сума на пари за купување лични работи.

Популарниот ММА борач Конор Мекгрегор се наоѓа во Дубаи каде што се подготвува за натпреварот кој што треба да се одржи на 24 јануари.

Ирецот избрал луксузен имот на кој што престојува, со име Палм Џумера, а на кој има приватна плажа и гарантира целосна дискреција за само 5.000 евра по ден.

Знаеме дека Мекгрегор е пребирлив кога станува збор за патувањата и хотелите, а ова попладне тој се пофали со својот нов моден детаљ, скапоцениот часовник.

Дубаи е познат како луксузна дестинација за купување, што Ирецот го докажа тоа.

Инаку, Конор е колекционер на рачни часовници, а новиот миленик кој ќе се вброи во неговата колекција е извонреден. Станува збор за моделот „Astronomia Tourbillin Baguette“, од 18-каратно злато.

Ова луксузно ремек-дело на себе има околу 400 ситно сечени дијаманти, а припаѓа на лимитирана едиција од само 18 примероци со цена од милион долари.

Покрај споменатиот часовник, Мекгрегор на својот Инстаграм профил покажал уште некои модели кои што ги разгледувал и колекција вредна над пет милиони долари.

Само еден од часовниците, со име „Billionaire III“ вреди 3 милиони долари, а сите воглавно се направени од злато и дијаманти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг