Актерката била пронајдена мртва на подот од тоалетот: Семејството еден месец ја криело нејзината смрт

Точка

14/01/2021

18:12

6.967

Големина на фонт

а а а

Денеска целата јавност беше изненадена од веста дека почина актерката Џесика Кемпбел.

Актерката на само 38-годишна возраст починала, а нејзиното семејство ја криело веста повеќе од еден месец за вчера да ја потврдат нејзината смрт.

Џесика била пронајдена на подот од својот тоалет, а брзата помош била повикана, но сепак не успеале да ја спасат. Причината за смртта не е позната.


Инаку, Кемпбел подолго време не се занимаваше со актерство, туку работеше како докторка по натуро-медицина, а извор близок до семејството тврди дека водела прилично нормален живот. Џесика има и 10-годишен син.

По повод нејзината смрт на социјалната мрежа Твитер се огласи и актерката Риз Витерспун.

„Срцето ми е скршено. Беше задоволство да се работи со неа“, напишала актерката со која што Џесика соработуваше во филмот „Изборни денови“ и додаде дека им испраќа многу љубов на семејството на починатата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг