Новата генерација на Opel Astra пристигнува оваа година

Точка

14/01/2021

17:01

2.478

Големина на фонт

а а а

Германските и француските стручни медиуми се уверени дека Opel ќе ја претстави новата генерација на Astra во третиот квартал од оваа година, додека пак продажбата ќе започне во првите месеци од идната година.

Opel е во вистинска офанзива под раководство на PSA групацијата. Corsa забележа одлични продажни резултати минатата година, а Mokka исто така може да се пофали со голема побарувачка со оглед на тоа што електричната верзија на моделот е веќе распродадена за тековната година. Сега на ред е новата Astra која се очекува исто така да ја зголеми продажбата.

Новата Astra ќе дели многу работи со Peugeot 308 и DS4, но секако, ќе има уникатен идентитет случен на новата Mokka. Со оглед на тоа што станува збор за модел од “C” сегментот, новата генерација на Astra ќе се произведува во Германија.


Кога станува збор за палетата на мотори, во понудата најверојатно ќе се најде 3-цилиндарскиот бензинец 1,2 PureTech, како и 1,5-литарскиот дизел мотор Blue HDI. Електрификацијата ќе биде применета кај новата Astra, па според шпекулациите ќе пристигне plug-in хибридно издание.

Според германските медиуми, OPC верзијата на Astra би требало да користи хибриден погон и да испорачува околу 300 коњски сили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг