Џенифер Лопез се соблече целосно гола во новиот спот! Сите коментираат дека претерала, буквално ништо не сокрила

Точка

14/01/2021

15:48

6.055

Големина на фонт

а а а

Латино дивата Џенифер Лопез повторно отишла чекор понапред и ги изненадила сите со новиот потег.

Имено, пејачката снимила нов спот за песната „In The Morning“, а во него се појавува како од мајка родена.

Славната пејачка во новиот, контроверзен спот ја гледаме целосно гола со ангелски крилја, а нејзините најинтимни делови од телото се изложени на погледи од милиони луѓе ширум светот.

Во моментите кога станува збор за крупен кадар, згодната Лопез со вешто смислени пози успева да ги покрие градите, брадавиците и половиот орган, но и понатаму сè е многу провокативно и шокантно.

Таа во спотот покажала и како изгледа како русокоса, а за време на нејзината кариера не сме имале прилика дека ја видиме со ваква боја на коса.

Инаку, Џеј Ло краток инсерт од спотот споделила и на својот Инстаграм профил, притоа објаснувајќи ја неговата симболика и порака која ја носи.

„Толку сум возбудена што пред вас е спотот за оваа песна. Полн е со симболи за мрачен, едностран однос и сознанието дека не можете никого да промените... Можете да се промените само себе! Раширете ги крилјата и оддалечете се од било кој, кој не го цени сето она што можете да го понудите“, пишува Џенифер во описот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг