„FIAT Panda Cross“ прогласен за најдобар кросовер за 2020 година

Точка

14/01/2021

16:02

3.164

Големина на фонт

а а а

Четврта година по ред, „Panda Cross“ ја освојува титулата „најдобар кросовер“ во изборот на специјализираниот британски магазин „4х4“.

Во 2020 година, во која „Panda“ го прослави 40-от роденден, овој автомобил забележа најголем раст некогаш во својот сегмент во Европа (+3,8%) и најголем пазарен удел во својата историја (18%). 

Истата година, крос верзијата на „Panda“ е уште еднаш, по 4-ти пат е прогласена за најдобар кросовер во Велика Британија.


Жирито ја пофалило способноста за теренско возење на овој модел како и забавата која ја пружа во возењето и моторизација на автомобилот.

Магазинот „4х4“ e единственото специјализирано списание за автомобили со погон на сите четири тркала и пикап модели во Британија. Неговата годишна награда е референтна точка во секторот повеќе од 25 години.


Тимот од специјалисти за 4х4 возила ја оценувал широката понуда на возила кои ја сочинуваат оваа класа, анализирајќи се - од комфорот и квалитетот до теренските перформанси и трошоците за одржување, се наведува во соопштението.


Возилото е опремено со стилски детали карактеристични за кросоверите, како заштитни додатоци на долните делови од каросеријата и браниците.


Моторизацијата се состои од 1,2-литарски бензинец со 69 коњски сили како и 0,9-литарски twinair турбо бензински агрегат со верзии од 65, 85 и 90 коњски сили. Овој мотор може да се нарача и во комбинација со погон на метан, а во тој случај располага со 80 коњски сили. Во понудата е и дизел мотор „Multijet“ со 95 коњски сили. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг