Влетал со Голф 5 кај Градска и вперил пиштол во полицијата, едно лице е рането

Точка

14/01/2021

14:21

7.867

Големина на фонт

а а а

Пред Градската болница "Свети Наум Охридски" во Скопје моментално има голем број на полициски службеници и возила.

Како што пренесуваат извори од лице место, возило марка "Голф 5" влетало во болницата, а едно лице извадило пиштол и го вперило кон полицајците кои биле на самото место. 

Како што пишува "Курир", станува збор за судир меѓу две семејства, а претходно имало обид за убиство во населба Цементарница, при што било рането едно лице.

Ранетиот бил пренесен во Градската болница, а полицијата работи на расчистување на случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг