До "киднапирањето" дошло на бензиска станица, кога некои мажи ја внеле девојката во автомобил.
Една млада Германката одлучила да исценира сопствено киднапирање, за да види до која мерка нејзиното момче би се ангажирало во акцијата за спасување, при што пет лица вовлекла во проблеми со полицијата.
Како што соопштила полицијата во Германскиот град Бауцен, "непознати лица" во понеделникот одвлекле млада жена во автомобил на бензиска станица, а потоа заминале со голема брзина.
Нејзиното 22-годишно момче веднаш тргнало кон автомобилот, а по некое време било сопрено од полицијата.
"Тоа што полицајците тогаш го слушнаа дефинитивно не е секојдневна приказна", рекла полицијата.
На крајот било откриено дека девојката го организирала киднапирањето бидејќи сакала нејзиното момче ја докаже љубовта така што ќе го брка автомобилот, пренесува "Index".
Сите лица вклучени во киднапирањето сега се соочени со обвиненија за кршење на рестриктивните мерки донесени поради коронавирусот, како и за злоупотреба на итните служби.