Филипче: Од 21-ви јануари угостителските објекти ќе работат до 21:00, ќе се разгледува можноста за нивна работа и до 23:00 часот

Точка

14/01/2021

12:38

2.278

Големина на фонт

а а а

Согласно последната мерка која Владата ја донесе на 18-ти декември, на локалите и на рестораните работното време им се скрати само до 18 часот, и таа одлука е предвидено да важи се до 21-ви јануари.

Пред извесен период министерот за здравство Венко Филипче изјави дека состојбата со вирусот е прилично стабилна и дека ако остане вака, на рестораните ќе им се врати работното време до 21 часот. Тоа беше причина угостителите да побараат мерката да биде укината и работното време да се продолжи веќе од сега, наместо да се чека 21-ви јануари. Тогаш министерот Филипче изјави дека нивното барање е логично и дека ќе биде разгледано на некој од следните состаноци на Комисијата за заразни болести.

„Ова скратување на времето дополнително, иницијално кога беше донесено минатиот месец, рековме дека ќе биде до 21-ви јануари, кога практично и завршуваат прославите, верските празници и тогаш веќе по автоматизам се враќаат на работното време до 21 часот. Ние ќе го разгледаме барањето дали би можело да се продолжи за уште два часа“, нагласи тогаш министерот.


„На 21-ви јануари ќе се донесе одлука за продолжување на работата на угостителските објекти до 21 часот, но и можноста нивното работно време да се продолжи до 23 часот“, рече во одговор на новинарско прашање министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што истакнува, сите други мерки за превенција остануваат во сила и по 21-ви јануари.

„Единствено нешто што ќе се случи на 21 јануари е работното време на угостителите сигурно да се продолжи до 21 часот, а согласно проценката на ситуацијата до 21-ви, евентуално да се разгледа нивното барање за работа до 23 часот. Меѓутоа, сите други мерки остануваат во сила“, рече Филипче.




Спонзорирани линкови

Маркетинг