Елмас беше стартер во тимот на Гатузо, Наполи се намачи за четвртфинале во Копа Италија

Дерби

13/01/2021

20:30

1.005

Големина на фонт

а а а

Наполи на доста потежок начин од предвиденото се пласираше во ново четвртфинале во Копа Италија, турнир на кој ја брани освоената титула од минатата натпреварувачка сезона во која во финалето го совлада Јувентус.

Елиф Елмас денеска беше стартер во тимот на Џенаро Гатузо и на теренот мина 70 минути, пред да биде изваден од игра при резултат 2:2, непосредно по вториот гол на гостите од Емполи.

Италијанскиот второлигаш се покажа како тврд орев и достојно го намачи фаворитот на „Сан Паоло“, па преку Бајрами на двапати се враќаше во игра и ја неутрализираше предноста на домаќинот.

Откако Ди Лоренцо и Лозано на двапати го носеа Наполи во водство, тоа мораше да се случи и трет пат, што на крајот се покажа како дефинитивно за победа и пласман во наредната рунда во Купот.

Петања погоди во 77-та минута за 3:2 и го постигна последниот гол на натпреварот во Неапол, па сега „небесно сините“ го чекаат подобриот од дуелот кој ќе го имаат Специја и Рома.




Спонзорирани линкови

Маркетинг