Неверојатни фотографии од американски Капитол: Ова најдобро открива колку е тензична ситуацијата во САД

Точка

13/01/2021

19:45

7.717

Големина на фонт

а а а

Фотографиите направени денеска во американски Капитол каде во Конгресот се води расправа за отповикување на претседателот Доналд Трамп најдобро откриваат колку е тензична атмосферата во главниот град на САД.

Имено, лидерот на демократското мнозинство, Стени Хојер, конгресмен од Мериленд, е фотографиран додека влегува во Конгресот и поминува покрај припадниците на Националната гарда кои одмараат лежејќи на подот.

Според американските медиуми, овие фотографии се најголем доказ за тоа колку се високи тензиите во главниот град на САД, но и сведочат за нестабилноста која владее во државата во пресрет на инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден.


Националната гарда на дистриктот Колумбија доби дозвола да ги вооружи своите сили кои го обезбедуваат американски Капитол во кој минатата седмица упаднаа поддржувачите на Трамп.


Се очекува во следните денови на должност во округот да бидат ангажирани 15 илјади припадници на Националната гарда во врска со инаугурацијата на Бајден на 20-ти јануари.


Според извештаите на ФБИ, голема е веројатноста од вооружени демонстрации во сите 50 сојузни држави доколу продолжи процесот на импичментот на Доналд Трамп.




Спонзорирани линкови

Маркетинг