Трагедија во Словенија: Тинејџерка загина правејќи „селфи“ пред воз во движење

Точка

13/01/2021

18:25

2.722

Големина на фонт

а а а

Несреќата со смртен исход во Словенија се случила во вторникот кога две малолетнички пред возот кој доаѓал, меѓу двата колосеци правеле „селфи“ фотографија.

Едно од девојчињата за жал настрадало, додека нејзината другарка успеала да скокне, но поради шок завршила во болница.

Несреќната 14-годишна малолетничка заедно со својата другарка се обидела да направи „селфи“ пред возот кој со голема брзина доаѓал од правец на Љубљана.

Машиновозачот со звучни сигнали предуредил на опасноста, но девојчињата не реагирале, открива портпаролот на полицијата Миран Шадл. Според неговите зборови, девојчињата отскокнале во последен момент, но веќе било предоцна за едното од нив.


Полицијата соопшти дека и натаму работи на случајот, но ги отфрлија сомненијата дека станува збор за самоубиство и отфрлија дека имало било каква одговорност на машиновозачот.

Меѓу другото, полицијата соопшти дека се истражува дали причината за смртта на едно од девојчињата е некаков онлајн предизвик.




Спонзорирани линкови

Маркетинг