Видео: МВР го растури Вевчанскиот карневал, стотина полицајци упаднале поради непочитување на мерките

Точка

13/01/2021

17:19

7.314

Големина на фонт

а а а

Стотина полицајци меѓу кои имало и припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) попладнево влегле во Вевчани за да го растурат традиционалниот карневал кој се одржуваше во општината.

Припадниците на МВР интервенирале бидејќи не се почитувале мерките за заштита од коронавирусот, ниту забраната за групирање на повеќе од четири лица. Од МВР сметаат дека со прекршувањето на овие мерки, се загрозува здравјето на граѓаните во услови на глобалната пандемија, како што беше наведено во соопштените на полицијата.

„Имено, и покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци. Апелираме до сите граѓани заеднички да придонесеме за спречување на коронавирусот односно за зачувување на здравјето како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани“, велат од МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг