Сите тајни документи на ЦИА за НЛО отсега ѝ се достапни на јавноста - благодарение на овој упорен човек...

Точка

13/01/2021

14:00

9.240

Големина на фонт

а а а

Илјадници документи од американската агенција ЦИА за НЛО отсега ѝ се достапни на јавноста. Од самата агенција истакнуваат дека во тие документи се наоѓаат сите досега познати информации за феноменот НЛО.

Документите на ЦИА објавени се на интернет страницата „The Black Vault“ која што ја води активист за слободен пристап на информации - Џон Гринвалд.

Целиот архив на документите може да се преземе од наведената интернет страница, а постои благодарение на упорноста на Гринвалд и дури 10.000 барања за слободен пристап на информации во текот на годините.

Секој документ Гринвалд сам рачно го скенирал, а станува збор за 2,2 милиони страници кои што се објавени во дигитален облик на наведената интернет страница.

Некои од тие документи се многу стари. Иако ЦИА тврди дека станува збор за документи во кои што се наоѓаат досега познати информации за НЛО кои што ги користи американската Влада, сепак Гринвалд вели дека тврдењата на ЦИА невозможно е да се потврдат...

Оваа ризница податоци стана достапна во јавноста во време додека се очекува извештајот од американската Влада за состојбата на НЛО.

Од страницата тврдат дека ЦИА направила и CD-ROM со сите материјали кои што претходно биле објавени и оние кои што ги подготвила самата страница.

Во документите на ЦИА се наоѓаат навистина фасцинантни извештаи за НЛО, вклучувајќи и мистериозни „чудни експлозии“ во еден руски град.

„Одлучи лично да ја проучи работата и потоа го даде својот совет како да се постапи понатаму. Тој совет остана тајна“, објави „Black Vault“ на Твитер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг