Отворен лифт среде Скопје без никакво предупредување, загрозен е животот на многу граѓани

Точка

13/01/2021

11:42

2.639

Големина на фонт

а а а

Поради несфатлива негрижа на надлежните, загрозен е животот на многу граѓани во Скопје.

Станува збор за лифт во катната гаража „Кресненско востание“ кој е целосно отворен и небезбеден за граѓаните, а притоа нема никаква ознака за предупредување.


Курир“ ги пренесува фотографиите кои ги добиле од читатели, кои се сведоци на ужасната слика која се забележува во еден од ходниците на гаражата.


Како што пренесуваат медиумите, засега иако нема предупредување не дошло до поголема несреќа, но сепак се чека надлежните да преземат посериозно мерки за безбедноста на граѓаните.




Спонзорирани линкови

Маркетинг