Пристигнува Hyundai Kona со 275 коњски сили!

Точка

12/01/2021

18:28

1.734

Големина на фонт

а а а

Hyundai објави тизер и први технички детали од спортскиот кросовер Kona N.

Моделот кој ќе го претставува врвот на понудата на кросоверот Kona под хаубата ќе има 4-цилиндарски 2.0-литарски турбо-бензинец поврзан со 8-брзински автоматски менувач.

Од корејскиот производител засега не открија со колку коњски сили ќе располага Kona N, но се очекува моторот да произведува околу 275 коњски сили и околу 350 Nm максимален обртен момент.


На првите официјални фотографии, Kona N е целосно прекриена со камуфлажна фолија, но лесно може да се забележат аеродинамичните додатоци и поагресивниот дизајн во споредба со стандардната верзија на моделот.

Предната маска и браник дефинитивно ќе бидат поинакви, додека на задната страна можеме да видиме две масивни, симетрично поставени издувни цевки како излегуваат под браникот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг