Озил ги воодушеви навивачите на Арсенал со последната изјава, па Мурињо веднаш го 'затна'

Точка

12/01/2021

18:18

4.105

Големина на фонт

а а а

Месут Озил сè уште е член на Арсенал, иако веќе една година не одиграл ниеден натпревар за овој клуб.

Германецот тренира со екипата, но воопшто не е регистриран за првиот дел од сезоната во Премиер лигата, а не настапувал ниту во Лига Европа.

Озил се поврзува со неколку клубови, но најверојатно ќе потпише за Фенербахче.

Сепак во меѓувреме со една изјава ги воодушеви навивачите на популарните „Топчии“.


Бидејќи има многу слободно време, на социјалните мрежи одговара на прашања на навивачите, а едно од нив било поврзано со Тотенхем.

Озил порачал дека никогаш не би играл за Тотенхем и не би облекол дрес од овој клуб, дури и дека попрвин би ја завршил кариерата отколку да го направи тоа.

Кога тоа му го пренеле на менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, тој одговорил во свој стил.

„Но, кој му кажа дека Тотенхем е заинтересиран за да го донесе“, кратко порачал Португалецот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг