Докторите ѝ кажале дека никогаш нема да може да игра тенис, а ќе биде сензација во Мелбурн: Има само 8 прсти на рацете и 7 на нозете...

Точка

12/01/2021

18:08

2.454

Големина на фонт

а а а

Британската тенисерка Франческа Џонс се пласираше во финалната рунда во квалификациите за Австралијан Опен, откако ја победи Јана Фет.

Џонс во последниот натпревар ќе игра против Лу Жиажинг, а доколку победи првпат во кариерата ќе учествува на Гренд слем.

Ништо необично, доколку не станува збор за девојче на кое што сите ѝ зборувале дека нема никогаш да игра тенис во својот живот.

Џонс е родена со по четири прсти на рацете, а на стапалата има само седум ножни прсти. Младата 20-годишна Британка се бори со болест наречена ектодермална дисплазија, позната како ЕЕC синдром, односно расцеп на прстите.


Нејзините прсти при раѓање биле испреплетени, па морала да направи неколку операции за да може да живее нормално.

Докторите ѝ советувале поради хендикепот кој што го има да заборави на спортот, но Франческа не попуштала... Не сакала да се откаже од своите соништа, се борела како лавица за на крај да успее.

Франческа не само што има помалку прсти на рацете туку и нејзината десна дланка е значително помала. Меѓутоа, тоа не ја спречува да го држи рекетот цврсто и силно да го удира топчето.

„Луѓето велат дека не можам правилно да го држам рекетот, многумина ме критикуваа, но тоа само ме мотивираше. Вистина е дека понекогаш ми се кршат ноктите затоа што морам да го држам цврсто рекетот и исто така рамнотежата ми е тешко да ја одржувам поради тоа што на десната нога која што ми е доминантна, имам само три ножни прсти“, вели Џонс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг