Маск за рекордно време „падна“ од тронот: За само еден ден загуби 14 милијарди долари...

Точка

12/01/2021

16:40

6.428

Големина на фонт

а а а

Акциите на неговата компанија за производство на електричните возила „Tesla“, вчера се намалиле за речиси осум отсто.

Сопственикот на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“ Илон Маск, кој што неодамна беше прогласен за најбогатиот човек на светот, повторно се најде на второто место на оваа листа пoради тоа што неговото богатство се намали за речиси 14 милијарди долари за само еден ден.

Акциите на неговата компанија за производство на електрични автомобили „Tesla“ вчера се намалија за осум отсто, со што неговата нето вредност се намали за 13.5 милијарди долари.


Така Маск откако во петокот беше објавено дека го надмина богатството на директорот на „Амазон“ - Џеф Безос, како најбогата личност на светот, повторно се најде на второто место на таа листа, покажува проценката на „Форбс“.

Сега заостанува околу 6 милијарди долари зад Безос, чија нето вредност се проценува на 182.1 милијарда долари.

Акциите на „Амазон“ вчера се намалија за повеќе од два отсто, што ја намали и нето вредноста на Безос за 3.6 милијарди долари. Без оглед на тоа, Маск и понатаму за 20 милијарди долари е побогат од третиот најбогат човек во светот, францускиот тајкун на луксузна роба. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг