Заев разговараше со Брнабиќ: Од 14-ти јануари Србија го укинува ПЦР тестот за македонските граѓани

Макфакс

12/01/2021

12:17

2.321

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.

За време на разговорот, со честитките за успешна 2021 година, беа изразени и желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.

Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји, соопшти Владата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг