Лекот „Ивермектин” од денеска достапен во аптеките

Точка

12/01/2021

10:32

2.839

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство информира дека лекот „Ивермектин“ од денеска е достапен во аптеките.

Како што посочува Министерството, лекот може да се употребува во домашно и болничко лекување, и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид позитивен.

Лекот ERMETIN (ivermectin) таблета 3 мг x 10 во пакување, на производителот World Medicine Ilac San.Ve.Tic. од Турција, по одобрена малопродажна цена во аптеките изнесува 299 денари.


„Повеќе клинички студии кои ја евалуираат ефикасноста на ивермектин кај пациенти со COVID-19 се во тек и/или нивните крајни резултати се уште не се публикувани во научни списанија, но прелиминарните резултати сугерираат дека ивермектин има поволен ефект во профилакса на COVID-19 кај експонирани лица, како и во терапија на пациенти со лесна, средно-тешка и тешка клиничка слика“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Лекот Ивермектин од денеска е достапен за граѓаните во аптеките. Лекот ERMETIN (ivermectin) таблета 3 mgx10 во пакување,...

Posted by Венко Филипче on Tuesday, January 12, 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг