Д-р Ума Наидо од Харвард тврди: Овие намирници ги ублажуваат стресот и анксиозноста

Точка

12/01/2021

09:43

2.343

Големина на фонт

а а а

Поради ситуацијата околу пандемијата, психолозите и психијатрите истакнуваат дека стресот кај многумина расте, а експертите ги истакнуваат намирниците со кои можете да го ублажите овој проблем.

Психијатарот Ума Наидо со години ја набљудува врската помеѓу храната која ја консумираме и расположението. Таа заклучила (а со тоа се согласуваат и нутриционистите) дека намирниците богати со витамините Ц, Д, Б1 и Б6 поволно делуваат на нервниот систем. 

Препорачливо е да ги вклучите овие 5 видови намирници во вашата исхрана за да избегнете осцилации во расположението:

Темно чоколадо

Темното чоколадо е богато со флавоноиди од какаото кои ги намалуваат воспалителните процеси и им овозможуваат на оксидантите побрз пат до мозокот. Студиите покажуваат дека црното чоколадо е ефикасно во борбата против стресот кај жените.


Исто така, чоколадото изобилува со хормонот на среќа - серотонин.

Куркума

„Активната состојка во куркумата, куркуминот, ја намалува вознемиреноста, а позитивниот ефект на куркуминот е потврден од многу студии“, вели д-р Ума.

Храна богата со витамин Д

„Истражувањата покажуваат дека речиси сите луѓе кои страдаат од депресија имаат недостаток на витамин Д, па затоа е потребно да му го обезбедите овој витамин на организмот. Најдобар извор е сонцето, а во зимските месеци овој витамин може да се надомести преку храна како што се печурките, сокот од портокал, јогуртот и полномасното млеко, житариците и туната“, вели д-р Наидо.


Намирници богати со растителни влакна

Храната богата со растителни влакна обезбедува чувство на ситост, што спречува прејадување, а истовремено овозможува и добра работа на дигестијата. Покрај тоа, утврдено е дека го намалува ризикот од депресија, стрес и анксиозност.

Зеленчукот е природно богат со растителни влакна, а добар извор се и крушите, јаболката, бадемите, оревите и хељдата.

Ферментирана храна

Ферментираната храна како киселата зелка е одличен извор на бактерии кои го подобруваат здравјето на дигестивниот систем, но исто така ја намалуваат напнатоста.

Една студија од 2015 година во која учествувале 710 испитаници го утврдил овој позитивен ефект врз нервниот систем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг