Истражување: До 2040-та година ќе „потонат“ околу 12 милиони квадратни километри од тлото

Точка

11/01/2021

18:45

2.986

Големина на фонт

а а а

Новото истражување покажало дека тлото буквално тоне под нашите стапала.

Според најновите податоци од истражувањата, до 2040-та година ќе потонат 12 милиони квадратни километри земја.

„Спуштањето на површината на копното е потенцијално разорувачка опасност која што може да предизвика низа природни и антропогени појави, но тоа воглавно е резултат на цврста или пак течна мобилизација под површината“, се наведува во истражувањето.

Примероците се резултати од поголем дел од човечките активности, како црпење на нафтата, природниот гас и подземните води.


„Во наредните децении, глобалната популација и економскиот раст ќе ја зголемат побарувачката на подземните води, а црпењето на тие води во комбинација со сушата веројатно ќе го зголеми „лизгањето“ на земјиштето и ќе предизвика голема штета“, сметаат научниците.

Тие сметаат дека во најмалку 200 локации во 34 земји ширум светот дошло до „тонење“ на земјиштето поради црпење на подземните води во последните 100 години.

„Нашето истражување покажува дека на 1.596 поголеми градови, односно 22 отсто од 7.343 големи градови во светот им се заканува ризик од потенцијално „тонење“ на тлото“, стои во истражувањето.

Опасноста е поголема поради фактот што ризичните локации се пренаселени или пак се наоѓаат околу густо населените урбани центри.




Спонзорирани линкови

Маркетинг