Докторка од Македонија се вакцинираше во Англија: Во ниту еден момент не се посомневав во вакцината!

Точка

11/01/2021

11:50

3.333

Големина на фонт

а а а

Јадранка Видак е специјалист по цитопатологија и работи во лондонската болница “Imperial College Healthcare NHS Trust”.

Видак која е по потекло од Виница, за „Студио 10“ раскажа дека веќе 18 години работи во болницата, а во Англија живее повеќе од 30 години. Како што вели, во ниту еден момент не се посомневала во вакцината или тоа дека ќе биде вакцинирана.

„Работам 18 години во болница во Лондон, повеќе од 30 години во Англија, од Виница сум. Мислевме дека Ковид ќе остане само во Кина, не можев да претпоставам дека вирусот ќе се прошири, и ова ќе го поминеме. Првата доза на „Фајзер“ ја примив пред 1 недела, јас како и многу други и пријатели и колеги не бев сигурна дали да се вакцинирам“, изјави Видак и додаде:

„Ситуацијата овде е застрашувачка. Немав поразлични симптоми освен мала болка во рамото 1 ден, без никакви лекови за болки, исто е и со колегите мои. Не сме имале никакви несакани реакции. Не е задолжителна вакцинацијата во Англија, на доброволна база е. Има многу колеги кај мене што не сакаат да ја примат вакцината. 18 години по ред се вакцинирам од сезонски грип. Не сум во критична група. Откако ќе се вакцинираме не е познато колку ќе ни трае имунитетот“, изјави Видак, пренесува „24.мк“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг