Оригиналниот твит на Бејл по гостувањето на осмолигашки стадион стана апсолутен хит во Англија

Дерби

11/01/2021

10:50

3.323

Големина на фонт

а а а

ФА Купот е посебно натпреварување поради тоа што ни носи неверојатни фудбалски приказни како онаа вчера, кога премиерлигашот Тотенхем гостуваше во Кросби кај англискиот осмолигаш Марин кој игра на прескромен стадион кој е опколен од неколку куќи од соседството.

Тоа им овозможи на неколку привилегирани староседелци да имаат бесплатен билет за натпреварот кој заврши со 0:5 во корист на фаворизираниот ривал, но од оваа средба, посебно актуелен стана еден твит од сопственикот на една од куќите.

– Нереално. Го гледам Герет Бејл потпирајќи се на мојот прозорец, – гласеше Твитот на Кристофер кој доби илјадници споделувања, а кои стигна и до официјалниот Твитер профил на Велшанецот и Тотенхем.

Бејл некогаш беше најскап играч во светот и влезе во игра во 65-та минута, па фактот што во овој дел од кариерата се врати да игра на нисколигашки терен се најде во фокусот, а тој не се одважи и возврати со емотикон на објавата на Кристофер, испраќајќи му поздрав.



Спонзорирани линкови

Маркетинг