Еден од овие 7 модели ќе биде прогласен за автомобил на годината – кој е вашиот фаворит?

Точка

09/01/2021

17:21

6.117

Големина на фонт

а а а

Позната е листата на финалисти во изборот „Европски автомобил за 2021 година“ (Car of the Year).

Откако на крајот на 2020 година беше објавен поширок круг од 29 кандидати за автомобил на годината во Европа, листата е сега намалена на 7 финалисти.  

За престижната титула се борат: Citroen C4, Cupra Formentor, новиот електричен FIAT 500, Land Rover Defender, Škoda Octavia, Toyota Yaris и Volkswagen ID.3.

Cupra Formentor

Иако помеѓу првите 29 првобитни кандидати имаше дури 4 модели на Mercedes, помеѓу финалистите нема ниту еден, а слично помина и корејската двојка Hyundai-Kia која на претходната листа заедно имаа 4 автомобили.

Интересно е тоа што повеќедеценискиот европски бестселер, Golf, не успеа да влезе во потесниот избор (наместо него тука е електричниот VW ID.3), а „честа“ на азиските производители ја брани само Toyota со моделот Yaris.

Toyota Yaris

Меѓу кандидатите за автомобил на годината нема ниту едно Audi, но ни BMW, кој во поширокиот круг на кандидати имаше 2 претставници.

Меѓу 7-те финалисти немало место ни за некои нови автомобили кои го привлекоа вниманието на пошироката публика во последната година, како што се новите Dacia Sandero, Peugeot 2008, Seat Leon...

Citroen C4


Fiat 500


Land Rover Defender


Škoda Octavia


Volkswagen ID.3



Спонзорирани линкови

Маркетинг