Први информации од Турција по силниот земјотрес: Погледнете каква е ситуацијата на терен...

Точка

27/12/2020

12:30

4.226

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 5.3 степени по Рихтер ја погоди Турција, односно источната провинција Елазиг денеска наутро, соопшти Државната управа за катастрофи и управување со вонредни ситуации.

„По земјотресот не е откриена ниту една лоша ситуација. Нашите тимови посветено работат на терен“, изјавил Еркаја Јирик, гувернер на Елазиг.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу исто така изјавил дека засега нема извештаи за евентуални жртви и поголеми материјални штети.


„Сите наши тимови моментално го прегледуваат подрачјето. Не е забележан број на жртви или пак поголеми материјални штети“, изјавил Сојлу повикувајќи се на информациите од покраинските власти и тимови за потрага и спасување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг