ВМРО-ДПМНЕ: Заев може да одговара за велепредавство штом прифатил учебници по бугарски терк

Макфакс

04/12/2020

09:31

1.202

Големина на фонт

а а а

Заев кажа дека ќе ги менува учебниците по историја од 2021 година, што значи дека ќе имаме учебници по бугарски терк, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соред нив, како што го нарекуваат, премиерот во заминување Заев менувајќи ја историјата го менува идентитетот на Македонците.

„Заев и официјално започна да си го спроведува кажаното во срамното интервју каде се откажува од се што е македонско и прави ретуширање на историјата. Велепредавникот Заев да каже дали го продаде АСНОМ, прифати ли дека бугарската окупација за време на Втората светска војна била администрација, го продаде ли Илинден, Гоце Делчев?“, јавно прашуваат од опозициската партија.

Од таму повикуваат дека сега е моментот сите граѓани да се освестат и да одлучат дали ќе се спротистават на ова и ќе го заштититат македонскиот идентитет или ќе бидат соучесници во бришењето на македонската историја, сегашност и иднина.

„Заев со тоа што прифатил промена на учебниците согласно бугарските барања и откажување од народните херои ќе одговара за велепредавство“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг