Бајден за CNN: Ќе побарам да се носат маски во првите 100 дена од мојот мандат, за да се намали ширењето на коронавирусот

Точка

04/12/2020

09:37

826

Големина на фонт

а а а

Избраниот американски претседател, Џо Бајден изјавил дека ќе бара од Американците да носат маски во првите 100 дена од неговиот мандат, за да се намали ширењето на коронавирусот.

Бајден за CNN рекол дека верува дека ќе дојде до значајно намалување на бројот на случаи на коронавирус, ако сите граѓани носат маски, пренесува „BBC“.

Бајден исто така рекол дека ќе нареди да се носат маски во сите згради на владата.

„Првиот ден после инаугурацијата ќе побарам од јавноста да носи маски 100 дена. Само 100 дена под маски, не засекогаш“, рекол Бајден.


САД имаат најголем број на заразени и починати во светот, како последица од коронавирусот.

Во таа земја се забележани 14.1 милиони случаи на коронавирус, додека како последица од инфекцијата починале околу 276.000 луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг