„Наредните 4-5 месеци ќе бидат исклучително тешки“: Гејтс со нова прогноза за крајот на пандемијата на коронавирус

Точка

04/12/2020

09:27

4.906

Големина на фонт

а а а

Бил Гејтс, коосновачот на компанијата „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе на светот, очекува состојбата во САД да се нормализира напролет наредната година, по пандемијата на коронавирусот.

Тој, како и секогаш, повторно повика на почитување на емидемиолошките мерки за заштита од Ковид-19:

„Следните четири или пет месеци ќе бидат исклучително тешки, освен доколку навистина не го подобриме и не бидеме посериозни во нашето однесување“, изјавил Гејтс.

Тој исто така истакнал дека само со одговорно однесување можеме да допринесеме во сузбивање на пандемијата. Спомнал и дека за тоа е потребно и понатаму да се намалува бројот на физичките контакти и да се носат заштитните маски.


Тој смета дека медицинските третмани и, како што изјавил, најверојатно вакцината ќе доведе до подобрување на состојбата.

„До пролет бројот на заразени во САД ќе биде таков што состојбата ќе почне драматично да се менува и да се враќаме во нормална состојба“, смета тој.

Гејтс се надева дека луѓето кои што се во дилема дали да ја примат вакцината против коронавирусот ќе бидат повеќе охрабрени по податоците за позитивните искуства и дека таа навистина помага. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг