Пред 23 години сите нè освои во хит серијата, а заводникот од малите екрани денес воопшто не се променил

Точка

04/12/2020

09:07

4.664

Големина на фонт

а а а

Дејвид Боријаназ се прослави со улогата во серијата „Бафи, убиец на вампири“, а потоа ги нижеше успесите во филмската индустрија.

Поминаа веќе 23 години откако тогаш младиот и згоден Дејвид првпат се појави во хит серијата во улога на Ангел за кој што воздивнуваа многу од гледачите ширум светот. Многумина од нив очекуваа и се надеваа дека ќе има нови епизоди и сезони од серијата, но тоа не се случи.


Денеска 51-годишниот актер се појави на премиерата на новата серија „Seal Team“ на која што се присетил и на некои минати времиња и ги растажил обожавателите ширум светот со својата изјава дека не постои никаква шанса повеќе да го гледаат во улогата на Ангел, иако би му било драго да дојде до повторно снимање на проектот.


„Ма, не. Јас сум за луѓето повторно да почнат да работат на таа серија или пак нешто слично, но јас сум престар. Не станува збор за повторно снимање на „Пријатели“, па седиме сите на каучот од кафулето“, изјавил тој.


Тој исто така се пошегувал дека новата технологија може да те подмлади и притоа како пример го навел својот колега Роберт де Ниро во филмот „Ирец“, но вели дека не размислува за враќање на својата улога.

„Би дал поддршка на некој друг актер за таа улога“, изјавил Дејвид.

Вака актерот изгледа денес:


 




Спонзорирани линкови

Маркетинг