Покрај тоа што делува запуштено и како место идеално за совршени злосторства, еден од најголемите национални паркови во Амрика всушност и тоа е.
Замислете толку оддалечено место, да не може да му пријдете преку ниту еден пат - нема траги на човечки живот, а насекаде околу вас е дивина среде која постои дури и супервулкан.
Јелоустоун е национален парк под заштита на УНЕСКО, се простира на тромеѓето на државата Вајоминг, Монтана и Ајдахо, а зафаќа површина од речиси 9.000 квадратни километри.
Оваа локација е наречена „зона на смртта“, а првпат привлече внимание во јавноста во 2005-та година благодарение на трудот на професорот Брајан Калт од Универзитетот во Мичиген.
Во есејот нречен „Совршено злосторство“, Брајан истакнал дека поголемиот дел од паркот ја зафаќа државата Вајоминг, мал дел се протега низ Монтана и Ајдахо.
Тоа го подразбира следното - кога двајца луѓе би кампувале во дел од паркот кој што припаѓа на Ајдахо, доколку би се скарале, па еден би го убил вториот, убиецот би имал право да му се суди пред порота.
Причината за тоа е, тоа што според шестиот амандман обвинетиот има право на судење од порота на државите и округот во кој што се направил злосторот, пренесува „Национална географија“.
Меѓутоа, проблемот настанува поради тоа што според шестиот амандман на американскиот Устав, во поротата мора да седат луѓе и од Ајдахо и од Вајоминг, а во Ајдахо нема жители.
За среќа, досега никокој не го тестирал тоа за таа цел.
„Судот можеби нема да се согласи со мојата теорија, но за секој случај овој есеј не е напишан да инспирира некој да изврши злосторство“, напишал Брајан во завршниот дел.