Audi за 2021-ва година го подготви моделот R8 RWD Panther Edition со погон на задните тркала, при што серијата ќе биде ограничена на само 30 примероци.
За погон се користи 5,2-литарскиот атмосферски V10 мотор со 540 коњски сили и 540 Nm максимален обртен момент. Од 0 до 100 километри на час забрзува за само 3,7 секунди, додека пак максималната брзина изнесува 323 километри на час.