Тие се горди на своите облини, а и сигурни се во едно – вистинската жена не е совршена!
Тие имаат целулит, вишок килограми и се горди на тоа. Овие жени направија вистинска револуција кога станува збор за модната индустрија.
Иако тоа место некогаш беше резервирано само за слабите девојки, овие 8 дами успеале да се најдат на насловните страници на водечките светски магазини.
Тара Лин е популарно лице во светот на модата во последно време. Таа красела бројни насловни страници и вели дека е горда на своето тело.
Иако не спаѓа во плус сајз модели, агенциите сметале дека Кејт не е ни доволно слаба, но таа била одлучна да успее во светот на модата. Иако има само 28 години, красела над 100 насловни страници.
Можеби и најпознатата плус сајз манекенка е токму Ешли. Откако се појави, со својата убавина го маѓепса светот. Греам воопшто не се срами од своите раскошни облини и вели дека секоја жена треба да се чувствува добро во својата кожа.
Надја е блогерка, модна дизајнерка и модел од Орландо, Флорида.
Дениз Бидот е првиот плус сајз модел кој прошетал на модната писта на њујоршката модна недела во 2014 година.
Робин имала само 19 години кога се пријавила во агенција за плус сајз модели во Австралија бидејќи сметала дека не се исплати да се обидуваш да бидеш слаб по секоја цена.
„Попрво ќе имам вишок килограми и ќе уживам во храната отколку да бидам слаба по секоја цена“.
Мајла Далбесио е американски модел, уметник и писател.
Маркита Принг стана заштитно лице на „Levi’s“ во 2011 година, а набрзо се појави и во италијанското издание на Вог.