Периодот во годината од јануари до откомври беше најтоплиот во Европа беше најтопол од почетокот на мерењето објавија од метеоролошката агенција при Обединетите нации и проценија дека 2020-та би можела да биде најтоплата година во историјата на мерењето.
Југозападот на САД, северните и западните делови на Јужна Америка, делови на средна Америка и некои кинески региони оваа година регистрираа рекордно високи температури.
Просечната глобална температура во 2020-та година е на пат да стане една од трите највисоки во историјата на мерењето, велат од агенцијата на Обединетите нации со седиште во Женева. Експертите проценуваат дека 2020-та година би можела да биде втората најтопла година (после 2016-та) од почетокот на мерењето во 1850-та година.
Повеќе од 80% од светските мориња забележале барем еден топлотен бран во 2020-та, а на Арктикот количината на мразот во периодот од јули до октомври била рекордно најниска.
Концентрацијата на штетни гасови во атмосферата беше највисока во 2019-та година, а во 2020-та година дополнително се зголеми и покрај очекувањата дека би можела да падне поради затворањето предизвикано од пандемијата на коронавирусот.