Коронавирусот нè води кон најлоша сиромаштија: До 2030-та година бројот на сиромашни ќе се мери во милијарди

Точка

03/12/2020

23:15

1.571

Големина на фонт

а а а

Се заканува пораст на бројот на екстремно сиромашни на 1 милијарда.

Тешките долгорочни ефекти на пандемијата на "Kovid-19" би можеле да турнат уште 207 милиони луѓе во екстремна сиромаштија, со што вкупниот број би надминал една милијарда до 2030-та година, според денеска објавените податоци на Програмата на Обединетите нации за развој (UNDP). 

Таквиот тренд, меѓутоа, не е неизбежен, бидејќи насочувањето на низа инвестиции кон постигнување на целите за одржлив развој (SDG) би овозможило 146 милиони луѓе да се извлечат од крајна сиромаштија, се наведува документот објавен на официјалната веб страна на ОН.

Истражувањето го проценува влијанието на различни сценарија за закрепнување од Ковид на целите за одржлив развој, како и на повеќедимензионалните ефекти на пандемијата во текот на следната деценија.

"Основното Ковид" сценарио, засновано на сегашните стапки на смртност и најновите проекции на глобалниот раст на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), покажува дека до 2030-та година уште 44 милиони луѓе би можеле да паднат во екстремна сиромаштија во однос на развојната траекторија на светот пред пандемијата.

Според најлошото сценарио, кое подразбира бавно и долго закрепнување, коронавирусот веројатно ќе турне дополнителни 207 милиони луѓе во екстремна сиромаштија до 2030-та година и ќе го зголеми бројот на сиромашни жени за 102 милиони во споредба со основната траекторија, се наведува во извештајот.

Ова сценарио, наречено "Висока штета", предвидува дека 80 проценти од последниците од економската криза предизвикани од Ковид ќе траат и до 10 години поради загубата на продуктивноста, спречувајќи целосно закрепнување на растот забележан пред пандемијата.

Истражувањето исто така открива дека насочувањето на сите SDG инвестиции во програмите за социјална заштита, во управување, дигитализација и зелена економија во текот на наредната деценија би можело не само да го спречи порастот на екстремната сиромаштија, туку и да влијае на тоа да се надмине линијата на светскиот раст од периодот пред пандемијата.

Овој амбициозно, а изводливо "SDG" импулс сценарио би извлекло 146 милиони луѓе од екстремна сиромаштија, ќе го намали родовиот јаз во сиромаштијата и бројот на жени кои живеат во сиромаштијата за 74 милиони, дури и со сегашните негативни ефекти на пандемијата, пишува во извештајот на "UNDP".




Спонзорирани линкови

Маркетинг