Руски „стример“ емитуваше во живо додека во позадина неговата девојка лежеше мртва: Полицијата го смести во болница

Точка

03/12/2020

16:45

3.405

Големина на фонт

а а а

Популарен руски „Јутјубер“ е задржан во притвор во Москва откако девојката почина во неговиот дом. Тој емитуваше во живо додека девојката лежеше мртва во позадина, па сега полицијата ја истражува неговата улога во нејзината смрт.

Стас Решетњиков, сопственик на „Јутјуб“ каналот „Рифлај“, објави снимка на која може да се види како го влече телото на неговата мртва девојка Валентина низ ходникот и креветот. Тогаш, тој се обрати пред камерата, започна да плаче и се обвини самиот за нејзината смрт.

Тој продолжи со стримингот и покрај барањето на властите кои пристигнаа во неговиот дом како одговор на повикот за итна помош.

Според руските медиуми, неговата девојка била бремена, а поминала подолго време на ниска температура. Наводно, Решетњиков ја исфрлил од станот, меѓутоа засега нема конкретен доказ за тоа.

Од московската полиција соопштија дека ги истражуваат причините за смртта на Валентина која била редовен гостин на каналот „Рифлај“. Решетњиков бил пренесен во болница.




Спонзорирани линкови

Маркетинг