Дембеле ќе добие нов договор

Макфакс

03/12/2020

15:35

1.215

Големина на фонт

а а а

Барселона сака да го продолжи договорот со Усман Дембеле, објави ЕСПН, повикувајќи се на извор од клубот. Дембеле има договор со Барселона до јуни 2022 година. Барса не сака да дојде во ситуацја, фудбалерот за кого плати 105 милиони евра, бесплатно да го напушти клубот.

Барселона, во летниот преоден рок бараше клуб за Демебле, тој сепак во последен момент реши да не ја прифати позајмицата во Манчестер јунајтед. Според медиумите, од доаѓањето на Роналд Куман, тој се однесувал како вистински професионалец.

Од почетокот на сезоната одиграл 11 натпревари, постигнал четири гола и забележал две асистенции.

Изворот од клубот за ЕСПН потврдил и дека Манчестер јунајтед се уште се заинтересирани за Дембеле.

Времето ќе покаже што ќе се случува со Дембеле, од оваа дистанца јасно е само дека и да добие нов договор, тој нема да може да го потпише пред 24.јануари, кога треба да биде избран новиот претседател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг