Филип Поповски за Точка ТВ: „Би му готвел на Мајкл Џордан, и тоа леќа! Да види и он што е леќа“

Точка

04/12/2020

11:32

3.943

Големина на фонт

а а а

Нашиот втор гостин во просториите на Точка ТВ беше познатиот и забавен готвач Филип Поповски, познат по емисијата 'Готвиме со Фичо'.

Со Фичо не готвевме храна, ама зготвивме едно одлично издание кое е мелем за очи и за душа. Филип искрено пред нашата камера зборуваше за најинтимните детали од неговиот свет на кулинарството.

Дали сте знаеле со која намирница Поповски потајно е опседнат, што е она што во било кое време може да го најдете во неговата кујна, како постапува кога гостин ќе му ја врати храната?

Најмногу се смеевме на неговиот одговор на прашањето 'Со која позната личност би споделил оброк и што би ѝ зготвил за таа прилика'. Мајкл Џордан е неговиот одговор, со една од најпознатите и најготвените чорби во нашите домови - леќа.

Читателите исто така не му останаа 'должни' на Фичо, кога сме на темата прашања, а дали одговорил токму на вашето, проверете во видеото.

Новинар: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk