Каков ќе биде крајот на светот? Научниците погрешија - вселената наместо да се лади, забрзано се загрева...

Точка

03/12/2020

09:16

3.272

Големина на фонт

а а а

Научниците сметале дека вселената, како што се шири, така ќе биде и постудена. Меѓутоа, очигледно дека се излажале.

Експертите од Универзитетот во Охајо, забележале дека одредени делови од вселената, всушност стануваат сè потопли како што поминува времето.  

Како што пренесува „Universe Today“, тие забележале дека вселената сега е дури 10 пати потопла во просек отколку пред 10 милијарди години, па моменталната температура е околу 2.2 милиони степени Целзиусови.

„Како што се развива вселената, гравитацијата привлекува темна материја во галаксијата и групата галаксии. Тоа привлекување е толку многу силно што се повеќе гасови во вселената се загреваат“, изјавил Ји-Куан Чанг, еден од научниците кој што учествувал во истражувањето.

Во текот на проучувањето на феноменот, истражувачите се фокусирале на анализата на термичките податоци од структурите.


LSS ја обликува гравитацијата, па потоа се формира, тоа значи дека галаксиите не се така „расфрлани“ насекаде по космосот, туку сепак следат одредена структура.

Помеѓу големите групи галаксии се наоѓа и празен постор со малку материја. Токму во еден таков простор е и Млечниот пат.

Смрзнување, палење или нешто трето?

Една од најголемите теории за крајот на светот е „Теоријата на големото замрзнување“, според која што кога ќе се достигне одредена големина како последица на постојаното ширење, вселената би требало толку многу да се излади што едноставно би замрзнала, доаѓајќи до апсолутна нула.

Меѓутоа има и други теории, како што е таа на „Големото палење“, но тоа секако дека никој не може со сигурност да го докаже затоа што откриено е дека само еден дел од вселената се загрева.




Спонзорирани линкови

Маркетинг